Во последните неколку месеци повеќе марки го сменија логото. За тоа колку е моќен трендот говори фактот што и Peugeot почна да користи нов „лав“. Сега чекорот го следи и Dacia.
Dacia веќе покажа како ќе изгледа новото лого, преку студијата Bigster. Марката од романскиот Питешти сега и официјално потврди дека тоа ќе биде новото лого. На прв поглед, новиот симбол за марката изгледа како буквата X, меѓутоа логото реално го сочинуваат буквите D и C. Правите линии на буквите прават логото да изгледа повеќе агресивно и поробусно во споредба со постоечкото лого, со син натпис и со нагласен грб. Идејата е изгледот на новото редуцирано лого да прикажува дека Dacia како марка се посветува на најзначајното.
Во логото се менува и сината боја. Новата боја е „каки-зелена“, што има за цел да внесе повеќе авантуристички дух во марката. Оваа стратегија е дел од општата промена на имиџот, што е цел на Dacia. Романската марка сака да се ослободи од имиџот на производител на евтини автомобили и сака да стане повеќе кул. Тоа секако дека нема да ја смени ценовната политика за автомобилите.
Согласно овие приомени, Dacia ќе понуди нова генерација модели, коишто ќе ги поокриваат сегментите што моментно се празни. Според шпекулациите, прв сериски модел со новото лого ќе биде СУВ со седум седишта, во замена за миниванот Lodgy, чијашто премиера треба да се очекува во средината на следната година.

















