Релито Сафари го оправда гласот како едно од најтешките рели трки во светот, откако бројни екипажи се соочија со исклучителни предизвици. Себастијан Огие се погрижи за вистинска драма на релито што се возеше викендов.
Кога почнуваше највозбудливата трка на релито Сафари во Кенија, Себастијан Огие и совозачот Жулиен Инграсија се наоѓаа на седмото место во генерален пласман. Заостатокот зад водечките изнесуваше повеќе од две минути, поради проблемот што се случи уште рано во петочното утро. На крајот, овој тим на Toyota Gazoo Racing World Rally успеа да се најде на врвот.
За последниот ден од прочуеното рели во Африка требаше да се извозат пет куси, но тешки етапи. Огие и Инграсија дотогаш се имаа искачено до третото место. Конкуренцијата почна да се соочува со проблеми уште на првата етапа. Кацута тогаш дури го презеде водството, со мала предност пред тимскиот колега Огие.
На две етапи пред крајот, двата тима на Toyota беа изедначени, што ветуваше возбудлива завршница. Со седмата победа на етапа на Сафари Рели 2021, Огие го презеде водството. Потоа следеше „пауер-стајџ“, кој на Огие му го донесе првото место во генерален пласман. Тоа е четврта двојна победа за Toyota Gazoo Racing сезонава.
Триумфот во Кенија е вкупно деветта победа за Toyota на релито Сафари
Првото искачување на подиум за Кацута е голем триумф и за Toyota Gazoo Racing WRC Challenge Programm, којашто го поддржува талентираниот јапонски возач уште од 2015 година. Со двата бонуси во Power Stage, предноста на Огие во првенството се зголеми на 34 бодови, пред тимскиот колега Елфин Еванс. Во конкуренција на конструктори, Toyota на половината од сезоната е прва, со предност од 59 бодови.
















