за

Европа дава предност на железничкиот пред авионскиот транспорт

Патувањето со воз се враќа како конкуренција на автомобилите и авионите. Ноќен воз од Берлин повторно превезува патници до Копенхаген и Стокхолм, исто како пред три децении.

Фотографија: Snälltåget

Европската мрежа од ноќни возови се продолжува за уште една делница, што е долга 1.043 километри и 19 часови патување. Од неделава, патниците од Берлин можат со ноќен воз да патуваат за Копенхаген, Малме и Стокхолм. Оваа железничка врска е достапна секој ден, со септември, а возовите од наесен ќе сообраќаат четири до петпати во неделата.

Првпат по речиси три децении, ноќен воз повторно ги спојува Германија, Данска и Шведска. Возовите поаѓаат од Берлин кусо пред 19 часот, пристигањето во Стокхолм е во 14.30 часот во следниот ден. Повратната врска поаѓа од Шведска напладне. Цените за купе за спиење почнуваат од 74 евра.

Враќањето на мрежата од ноќни возови претставува важна алка во синџирот мерки за спречување на климатските промени. Идејата е возовите, што нормално користат погон на електрична енергија, да го заменат автомобилскиот и авионскиот сообраќај меѓу европските држави. Планот е бројот на ноќни возови да се зголемува во иднина.

Германската Железница, заедно со државните компании од Франција, Австрија и Швајцарија, најави дека во иднина со ноќни возови ќе бидат поврзани 13 милионски метрополи во Европа. Во декември се планира да стартува сообраќањето на релација Виена-Минхен-Париз и Цирих-Келн-Амстердам. Кон крајот на 2023 година ќе им се придружи ноќен воз на релацијата Виена-Берлин-Брисел-Париз, една година подоцна следи Цирих-Барцелона.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двојна победа на Toyota на релито во Кенија

Tesla договори испорака на батерии од кинески CATL до 2025 година