BMW X3 покрај Скарлет Јохансон во холивудската „Црна вдовица“

Со новиот холивудски блокбастер „Црна вдовица“ ( Black Widow), BMW станува дел од кинематскиот свет на Марвел. Станува збор за акциски трилер, што премиерно ќе се прикаже на 9-ти јули.

Во најновиот филмски спектакл од студиото Марвел ќе го видиме и BMW X3 во клучна улога. Во неколку носечки сцени се појавува и Gran Coupe од серијата 2. На каналот на BMW на јутјуб може да се видат неколку ексклузивни сцени од снимањето на филмот.

Ова е првпат BMW да соработува со студиото Марвел. Тоа што BMW X3 и Gran Coupe од серијата 2 навистина имаат носечки улоги во филмот е резултат од новата стратегија на баварската марка. Автомобилите со сино белиот знак во новите реклами се поврзуваат со силен емотивен импулс. Од Минхен најавуваат дека соработката со Марвел ќе продолжи и по „Црната вдовица“.

Во BMW Welt, во центарот посветен на марката во Минхен, наскоро ќе биде поставена изложба со возилата користени при снимањето на филмот – со сите траги врз нив, вклучувајќи и дупки од куршум. Тоа ќе се совпадне со филмската премиера, што е закажана за 9-ти јули.

Претходна објаваИлјада софтверски инженери на работа во Mercedes во Зинделфинген
Следна објаваСлатко мало Ferrari 296 GTB со кабел за полнење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here