Porsche 911 GT2 RS постави рекорд за сериски возила на Нирбургринг

Фабричкиот возач на Porsche, Ларс Керн, извозе нов рекорд на Нордшлајфе, со време 6:43,300 минути, со 911 GT2 RS моќен 700 КС. Перформанс-китот на Manthey е развиен во соработка со инженерите на Porsche. Вградените компоненти од Porsche Tequipment се достапни во центрите на марката.

Рекордното време што требаше да се „урне“ изнесуваше 6:48,047 минути. На Ларс Керн му беше лесна вежба да го постави новото рекордно време зад воланот на посебно подготвениот 911 GT2 RS. Со гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 R што се дозволени за примена во јавен сообраќај, фабричкиот возач го подобри времето за 4,747 секунди. Просечната брзина изнесуваше 185,87 km/h.

Овој потфат е далеку од тоа да биде бесмислен. „Нашите GT-клиенти често возат на тркачките патеки, на пример на Trackdays“, открива Франк-Штефен Вализер, прв човек за моделските серии 911 и 718. Гомеми се и зборовите на Ларс Керн: „Со парформанс-китот од Manthey, 911 GT2 RS буквално се лепи на пистата – токму во брзите свијоци се чувствуваш како во тркачки автомобил. Остава без здив, како автомобилот ги ангажира своите 700 КС на асфалтот, колку екстремно сопира и притоа се контролира добро во секок момент.“

Китот од Manthey е достапен како ставка од Porsche Tequipment и се состои од делови за подвозјето, за сопиорачките и спојлери што се изработени посебно за RS. Лесните магнезиумски тркала исто така се дел од китот, исто како во пакетот Weissach. При 200 km/h, притисокот со китот е зголемен од 49 на 70 килограми, а на задната оска при истата брзина тој е зголемен од 93 на 200 килограми.

Претходна објаваŠkoda цели на место во Топ 5 до 2030 година
Следна објаваTesla ги прави своите суперполначи достапни и за други марки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here