Volkswagen понуди милијарда евра за преземање на Europcar

Концернот Volkswagen потврди официјално дека е заинтересиран за преземање на компанијата за изнајмување возила Europcar. Заедно со партнерите Attestor и Pon се вршат обиди за стекнување главнина од акциите во компанијата.

Во соопштението од Волфсбург, во врска со преземањето на Europcar се наведува дека „овие размислувања се наоѓаат во мошне ран стадиум и уште не се донесени решенија.“ Volkswagen дал необврувачка понуда во висина од 0,44 евра по акција, но истата била одбиена од страна на Europcar. Концернот не потврдува дали понатаму ќе се обиде со повисока понуда.

Со сегашната понуда од 0,44 евра по акција, Eucopcar се цени на 2,2 милијарди евра. Тоа значи дека главнината што е цел на Volkswagen, заедно со двете инвеститорски компании, би чинела најмалку 1,1 милијарда евра. Според упатени во постапката, Europcar ја одбил понудата како прениска.

Volkswagen во 2006 година го продаде Europcar на финансиски инвеститори. Причина за сегашната заинтересираност за компанијата да се врати во Волфсбург се плановите за Volkswagen да стекне сопственост над инфрастуктурата на Europcar, којашто во иднина ќе се користи за новите услуги за мобилност, како што се Carsharing и Shuttle.

Претходна објаваБерлин со 15.000 евра субвенционира електрични такси-возила
Следна објаваŠkoda цели на место во Топ 5 до 2030 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here