Седум во низа. Во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт е поставена посебна збирка од седум „сребрени стрели“ што победуваа во сезоните меѓу 2014 и 2020 година. Тоа е единствен пример во историјата.
Тимот на Mercedes-AMG Petronas во Формула 1 лани предвремено ја освои конструкторската титула, седми пат во низа. На трката за големата награда на Турција на 15-ти ноември, Луис Хамилтон исто така предвремено ја обезбеди својата седма шампионска титула. Тоа беше седми пат возач на Mercedes-AMG да го освои шампионатот по 2014 година.
Во музејот на Mercedes годинава се одбележува историскиот успех. Музејската поставка требаше да се случи уште лани, но тоа беше одложено поради пандемијата. Изложбата се состои од шест „сребрени стрели“ на Луис Хамилтон од 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2020 година. Меѓу нив се наоѓа и победничкиот болид на Нико Розберг од 2016 година. Болидите ќе бидат изложени до 25-ти јули, пристапот до специјалната изложба е бесплатен.
Целата историја на марката Mercedes во мотоспортот е прикажана во трајна изложба во музејот, во таканаречениот митски простор број 7. Меѓу возилата се наоѓа првиот шампионски автомобил на Луис Хамилтон од 2008 година, тоа е McLaren-Mercedes MP4-23. Секако дека не недостигаат и легендарните болиди од 1930-те и 1950-те години. Рудолф Карачиола го освојуваше европскиот гран-при шампионат во 1935, 1937 и 1938 година. Потоа следи ерата на Хуан Мануел Фанџо, кој ги освои шампионатите во 1954 и 1955 година со W 196 R.
Ф1-болидите во специјалната изложба во музејот на Mercedes-Benz
- MERCEDES AMG PETRONAS F1 W05 Hybrid (2014)
- MERCEDES AMG PETRONAS F1 W06 Hybrid (2015)
- Mercedes-Benz F1 W07 Hybrid (2016)
- Mercedes-AMG F1 W08 EQ Power+ (2017)
- Mercedes-AMG F1 W09 EQ Power+ (2018)
- Mercedes-AMG F1 W10 EQ Power+ (2019)
- Mercedes-AMG F1 W11 EQ Performance (2020)
















