Работно време на прочуениот BMW Welt од осум наутро до осум навечер, слободен влез во музејот на денот на отворањето, ресторани со врвна гастрономија и исклучителен амбиент, продавници за фановите – сето тоа прави овој центар да биде меѓу најпосетените туристички одредишта во Минхен.
Светот на BMW и Музејот на BMW на 25-ти мај првпат годинава ги отвораат вратите за јавноста. По повод повторното отворање, на посетителите ќе им бидат достапни посебни попусти во „Welt“, во музејот, продавниците и кафулињата. Секако, сето тоа ќе се одвива во согласност со важечките хигиенски мерки, вклучувајќи и задолжителна резервација на терминот за посетата.
BMW Welt продолжува со испорака на возила директно од центарот на марката, за клиентите што ќе побараат таква можност, и секако ќе доплатат соодветно за тоа. Прочуените ресторани Biker‘s Lodge и Bavarie привлекуваат со врвно подготвената храна, но и со единствената глетка на Олимпискиот Парк, изграден во 1970-те години.
















