Што сé забораваат луѓето кога оставаат стар автомобил во замена?

Што сé забораваат луѓето кога оставаат стар автомобил во замена?

Семејно милениче е меѓу најнеобичните „работи“ што луѓето ги заборавиле кога го оставале стариот автомобил во замена и си заминувале со понов автомобил од подружниците на компанијата Motorpoint.

Motorpoint, најголем независен дилер со автомобили во Велика Британија, со понуда на автомобили стари до три години и можност за замена старо за ново, открива кои се најнеобичните предмети што биле заборавени во старите возила. Не се само предмети. Во некои случаи се заборавале и семејни миленичиња.

Тоа што луѓето заборавале клучеви, дозволи за паркирање, очила, кредитни картички, па и пари или полначи за телефон, сосем е вообичаено. Во следниот список, компанијата ги наведува најнеобичните предмети што ги наоѓале во возилата, откако британските возачки и возачи во еуфорија од новиот автомобил во итање си заминувале од плацот.

Топ 10 најнеобични работи што биле заборавени во автомобилите

  • Куче
  • Бала сено
  • Колекција од DVD со содржини за возрасни
  • Долна облека
  • Венчални прстени
  • Глави на кукли за фризури
  • Дрво
  • Забна протеза
  • Цел сендвич
  • Скара Џорџ Форман

Во повеќето случаи, заборавените предмети им биле вратени на сопствениците. Исто и домашните миленичиња.

Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

Претходна објаваГуми не се трошат, Pirelli со 650 милиони евра загуба
Следна објаваTesla има нов рекорд: 400 метри за помалку од 10 секунди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here