Изобилство од нова технологија во Volkswagen Tiguan Allspace, вклучувајќи и полу-автопилот, што сам забрзува и сопира, а ги следи и свијоците на автопат. Изведбата со продолжена каросерија, од воведувањето во 2017 година, досега е продадена во 1,5 милион примероци.
Новото моделско годиште на Volkswagen Tiguan Allspace носи освежен изглед, нови системи за ракување и асистенција, матрични диодни светла и сензорски полиња за ракување со автоматската клима, што е дел од стандардната опрема. Моментно повеќе од половина (55%) од продукцијата на Tiguan отпаѓа на продолжената изведба Tiguan Allspace.
СУВ-моделот може да се нарача со седум седишта. Во случај кога треба да се превезуваат многу предмети, во тој случај стојат на располагање 1.920 литри простор. Со пет патници во возилото, назад пак останува багажник со зафатнина од 760 литри. Седиштата во вториот и третиот ред се впуштаат во иста линија и создаваат рамна површина за товарење.
https://photos.app.goo.gl/5WA5rohrskPzWa7AA
Од моторите стојат на располагање три бензинци TSI и два дизели TDI. Во одредени погонски конфигурации или со доплата може да се добие 7-степен DSG. Погон на сите тркала исто е опција во одредени моделски изведби. Должината порасна на 4.723 mm (+22 mm), што се должи главно на новиот дизајн на носот, со впечатлива маска и со елегантна линија на светлата што оддаваат премиум впечаток.
Стандардната изведба на Volkswagen Tiguan со 5 седишта, со 1,5-литарски мотор со 150 КС и менувач DSG, во освеженото моделско годиште чини 39.494 евра во Порше.
https://photos.app.goo.gl/PmcutWq1GogGQwM5A
https://photos.app.goo.gl/uYB4xLCm3N8KrdCr7
















