Од почетокот на продажбата на Suzulight, првиот мини-автомобил од големосериско производство во Јапонија, во октомври 1955 година, Suzuki постојано нуди автомобили што се издвојуваат од масата и секогаш излегуват во пресрет на барањата на купувачите.
Меѓу легендарните моделски имиња на Suzuki секако се вбројува Jimny, кој се произведува од 1970-та година, потоа Alto (од 1979), како и Wagon R (1993). Меѓу новите моделски серии што се појавија во последните години се вбројуваат Spacia (2013) и Hustler (2014), кои во голема мера учествуваат во вкупната продажба од 25 милиони возила во последните 65 години и 7 месеци на јапонскиот пазар.
Мини-автомобилите се омилени од широк круг купувачи во Јапонија, поради нивната штедливост и лесното возење. Тие се користат како „практична неопходност“ за примена во семејното секојдневно, за патување до работа, до училиште и за шопинг, исто и како корисно возило за превоз на лица и товар за приватни продавници, локални работилници и фарми.
Во руралните средини во коишто е тешко да се организира јавен превоз, мини возилата ги заменија автобусите и возовите и имаат важна улога во превозот во локалните заедници.

Вкупна продажба по главни моделски серии во Јапонија
Alto 5,24 милиони примероци
WagonR 4,81 милиони примероци
Carry 4,67 милиони примероци
Every 3,25 милиони примероци
Fronte 1,59 милиони примероци
Spacia 1,01 милион примероци
Историја на продажба на автомобили Suzuki на домашниот пазар
Октомври 1955 · Suzulight
Октомври 1961 · Suzulight Carry мини-камион
Септември 1964 · Suzulight Carry Van мини комерцијално возило
Април 1970 · Jimny mini 4WD
Мај 1979 · Alto
Септември 1993 · WagonR
Јануари 1995 · Вкупно продадени 10 милиони мини возила
Јануари 2004 · Вкупно продадени 15 милиони мини возила
Септември 2012 · Вкупно продадени 20 милиони мини возила
Март 2013 · Spacia
Јануари 2014 · Hustler
Април 2021 · Вкупно продадени 25 милиони мини возила
















