Поради лошата хуманитарна ситуација во Индија предизвикана од пандемијата од ковид, Škoda ќе испрати во земјата материјална и парична помош во висина од еден милион евра. Компанијата е голем вработувач во регионот и на овој начин ги подржува и членовите на големата фамилија на Škoda.
Менаџерите во седиштето на Škoda во Млада Болеслав се во постојани контакти со колегите во Индија. Организирано е испраќање помош, којашто меѓу другото се состои од боци кислород и треба за најбрзо време да пристигне во земјата.
Вториот бран на корона-вирусот тешко ја погоди Индија. Ненадејниот скок во бројот на инфекциите доведе до недостиг од болнички лежаи, кислород и лекарства. Škoda вработува голем број лица во своите фабрики во Пуне, Аурангабад и Мумбаи.
Помошта се состои од медицински материјали и парични средства, вклучувајќи генератори за кислород и боци со течен кислород, коишто се неопходни за превозот на болни. Škoda ги предводи активностите на групацијата Volkswagen на индискиот пазар и ужива висока доверба меѓу локалните партнери.
















