Škoda ја зголемила испораката на возила за 7,2 проценти во периодот меѓу јануари и април годинава, во споредба со истиот период лани, со вкупно 249.600 возила. Соодветно се зголемил и прометот на 5,05 милијарди евра, што претставува зголемување од 4,1 проценти.
Оперативната заработка на групацијата Škoda во првиот квартал е зголемена за 46,1 проценти, на вкупно 448 милиони евра. Заработката од секое продадено возило во просек изнесува 8,9 проценти, што е најмеродавниот резултат за успешноста на работењето на марката. Во групацијата Škoda Auto, спаѓаат уште компаниите Škoda Auto Slovensko s.r.o., Škoda Auto Deutschland GmbH, SKODA Auto Volkswagen India Private Ltd. и уделот во компанијата Volkswagen Group Rus.
Шефот Томас Шефер ги објаснува резултатите: „Постигнавме моќен почеток на годината и зад нас оставивме одличен прв квартал, и покрај потешкотиите поради пандемијата и недостигот од полупроводници.“ Чешката компанија во меѓувреме стартуваше со испорака на електричниот Enyaq iV, за којашто пристигаат повеќе нарачки од очекувањата.
Голем поттик за натамошното зголемување на продажбата се очекува од штотуку претставената нова генерација на Fabia. СУВ-бестселерите Kodiaq и Karoq добија моделско освежување, а на пазарот што е во постојан раст, Индија, стартуваше моделот од локално производство Kushaq. Секако дека голем удел во натамошниот позитивен тренд ќе постигне и Octavia Pro, изведбата со продолжена каросерија и збогатена спецификација, произведувана во Кина, за Кина.
Двоцифрен раст на продажбата на Škoda во Италија, Франција и Шпанија
Во Западна Европа, чешкиот производител испорачал рекордни 111.600 возила во првиот квартал (+4,6%). Во Германија, вториот најголем единечен пазар за Škoda, испорачани се 36.600 возила (+2,3%). Двоцифрен раст е постигнат во Италија (8.600 возила; +39.2%), Франција (8.600 возила; +44.3%), Шпанија (6.300 возила; 32.8%) и Белгија (5.500 возила; +10.6%).
Од вкупно 46.900 возила во Централна Европа (-0,1%), на домашниот пазар се испорачани 19.600 возила (-8,0%). Источна Европа, без Русија, регистрирала 10.200 нови возила до април, што претставува зголемување од 17,1 проценти. Одлично напредува Русија, со 22.800 испораки за три месеци, што одговара на раст од 8,6 проценти. Во Кина, најголемиот пазар за марката, испораките се намалиле за 9,3%, со вкупно 26.300 возила. Индија има 3.200 нови возила Škoda (+4,1%). Најголемиот раст ѝ припаѓа на Турција, со +162,1% и вкупно 9.800 возила до крајот на март.
Испорака по модели на Škoda во првиот квартал
Škoda OCTAVIA (63,600; +2.0%)
Škoda KAROQ (36,600; +21.1%)
Škoda KAMIQ (34,700; +36.1%)
Škoda KODIAQ (33,300; -1.0%)
Škoda FABIA (25,800; -5.5%)
Škoda SUPERB (21,900; +1.1%)
Škoda RAPID (18,600; +31.0%)
Škoda SCALA (12,500; -13.7%)
Škoda CITIGOe iV (се продава само во Европа: 1,900; -40.2%)
Škoda ENYAQ (500; -)
















