Audi со одлични резултати во првиот квартал, менаџерите се „претпазливо оптимистични“

Audi значително ги зголеми продажбата, прометот и заработката во првиот квартал во споредба со лани, па дури ги и надмина и резултатите од истиот квартал во годината пред кризата.

Во премиум марката на концернот Volkswagen не ги менуваат предвидувањата за бизнисот во тековната година и покрај одличните постигнати резулати во периодот од јануари до април. Поради корона-пандемијата и тесното грло во снабдувањето со полупроводници, во Audi се „претпазливо оптимистични за претстојните месеци“.

Во првиот квартал, Audi испорачал на светскиот пазар 463.000 автомобили, од кои 207.000 или 45% се продадени во Кина. Побарувачката бележи силно зголемување и во САД, додека продажбата во Европа е за шест проценти под резултатот од првиот квартал лани. Прометот пораснал на 14,1 милијарди евра, а оперативниот резултат се помести од „црна нула“ лани на 1,4 милијарда евра во првите три месеци годинава.

Со заработката на кинескиот пазар што е регистрирана во финансискиот резултат, Audi постигна квартална добивка во висина од 1,7 милијарда евра пред даноци. Ниските попусти, побарувачката за СУВ-модели и автомобили од повисоките класи со коишто се постигнува повисок профит, позитивните ефекти од заштедата и од набавката на суровини доведоа до одличен прв квартал за Audi.

Заработката од продажбата на електричните модели ќе го достигне нивото на моделите со обичен погон дури за две до три години

Заработката во првиот квартал изнесува десет проценти од прометот. За целата година, Audi планира маржата да биде пониска, односно таа да се движи меѓу седум и девет проценти. Со стартот на компактниот Q4 e-tron, марката со четирите прстени сега има во својата понуда и целосно електричен автомобил во еден од најпродаваните сегменти. Менаџерите предидуваат дека од електричните модели ќе можат да заработуваат исто колку од моделите со обичен погон дури за две до три години. Поради недостигот од чипови, продукцијата на Audi во домашните и странските фабрики постојано осцилира, поради што некои смени мора периодично да мируваат.

Во првиот квартал во 2019 година, пред корона-кризата, Audi продаде 447.000 автомобили, оствари промет од 13,8 милијарди евра и заработи 1,2 милијарда евра пред даноци.

>>> Audi произведе 100.000 примероци од електричниот e-tron

Претходна објаваBMW продава повеќе возила отколку пред корона-кризата
Следна објаваPorsche конструираше „делфин“ што издржува до 200 km/h

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here