Концернот на Peugeot држи четвртина од европскиот пазар

Првото полно тромесечје на Stellantis, заедничкиот концерн на Peugeot и Fiat, донесе и промена на името на концернот на кого што му припаѓа првото место во Европа според продадените возила. На 30-те најголеми пазари во Европа (ЕУ, ЕФТА и В. Британија), Stellantis во првото тромесечје има продадено повеќе од 800.000 патнички автомобили и доставни возила. Уделот на концернот во целиот европски пазар изнесува 23,6 проценти.

На најголемиот пазар за концернот, европскиот пазар, марките на Peugeot & Co. во првото тромесечје продале 823.000 возила или за 11% повеќе отколку во истиот период лани. Голема заслуга за растот има одличната продажба на новите генерации на Peugeot 208 и 2008, Opel Mokka и Citroën C4. Резултатите ќе беа уште поимпресивни, доколку производството на автомобили годинава не беше погодено од недостиг на полупроводници. Лани, пак, пазарот мируваше речиси целосно поради првиот удар на пандемијата. Соодветно пораснал и прометот за 15 проценти, на 16 милијарди евра.

Втор по големина пазар за концернот Stellantis е Северна Америка. Од јануари до март, испораките на нови возила се намалиле за 4%. Тоа се должи на недостигот од полупроводници, но и на завршувањето на производството на Dodge Grand Caravan и Journey. Тука е новиот Chrysler Voyager од кого што се очекува да компензира за заминувањето на двата модели. Прометот сепак се зголемил за 9 проценти, благодарение на зголемената продажба на поскапи модели.

Одлично се развива јужноамериканскиот пазар, со раст од 49% во продажбата во првиот квартал. Таму е главна новата генерација на Fiat Strada. Прометот е зголемен за 31%, поради зголемената продажба наспроти првиот квартал лани кога беше запрена продукцијата, но и поради поголемиот удел на поскапи возила во продажбата.

Peugeot 208 и 2008 придонесуваат и за растот на продажбата на концернот на пазарите на Средниот Исток и во Африка

Во регионот на Средниот Исток и Африка во периодот од јануари до март се продадени вкупно 100.000 возила или за 32% повеќе од истиот период лани. Растот доаѓа од новите генерации на Opel Corsa, Peugeot 208 и 2008, како и од Citroën C3. Секако дека големиот раст и тука произлегува во значителна мерка од замирањето на пазарот лани, поради пандемијата. Прометот е зголемен за 20 проценти.

Кина, Индија и Азискиот Пацифик уште се релативно слаби пазари за марките на концернот Stellantis. Во првите три месеци од 2021 година, таму се продадени 50.000 возила, за 45% повеќе од лани. Овој дел од светскиот пазар покажал зголемен интерес првенствено за Jeep Wrangler, за новите Peugeot 208, 2008 и 3008. Прометот е 35 проценти во плус.

>>> Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

Претходна објаваLexus освои две награди од читателите на Auto Bild
Следна објаваSuzuki Vitara Hybrid доби изведба со автоматски менувач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here