Lexus нуди најдобра противвредност од сите марки во премиум сегментот и ги има најдобрите кабриолети во ценовниот сегмент над 50.000 евра. Така оценија читателите на германскиот магазин Auto Bild.
Двоен триумф за Lexus во гласањето за најдобрите марки на германскиот пазар. Во големото гласање на читателите за „Најдобрите марки во сите класи“ на магазинот Auto Bild, премиум марката Lexus постигна две победи во класа.
Голем успех е премиум марка што не е од германското трио Audi-BMW-Mercedes да победи во гласање за најдобра марка во луксузната класа. Тоа му успеа на Lexus, при оценувањето на противвредноста. Во луксузната класа победи Lexus LS со 47,85 проценти од гласовите. Лимузината се нуди на германскиот пазар исклучиво во хибридната изведба и соединува спортски елегантен дизајн со богата сериска опременост, нови и напредни системи за асистенција – и како што порачуваат од Lexus, со вградена гаранција за уживање во возењето.

Победа си обезбеди и Lexus LC 500 Cabriolet во класата на кабриолети со цена над 50.000 евра. Луксузниот автомобил за уживање во возење на отворено освои 34,63 проценти од гласовите во класата.
Одличните резултати ги заокружи второто место на Lexus при генералното оценување на ниво на класа. Со 33,04 проценти од гласовите на читателите на Auto Bild, премиум марката на Toyota си обезбеди второ место во вишата класа, во категоријата за противвредноста.
Читателките и читателите на магазинот Auto Bild десетта година гласаа за своите фаворити. Во изборот пристигнаа гласови од повеќе од 60.000 учесници, во конкуренција од 37 марки во 14 класи на возила и 23 категории за имиџ.
















