Најважните теми на конвенцијата Auto@2030 – Adria се електричните возила, дигитализацијата на автомобилската индустрија и услугите од областа на мобилноста. На конвенцијата ќе присуствуваат голем број увозници и дилери на автомобили, банки, компании за лизинг, осигурителни компании, компании за изнајмување автомобили и новинари од Хрватска и регионот.
На 17-ти јуни, во просториите на деловниот центар Сити Плаца во Загреб се одржува голема регионална конвенција на којашто ќе се зборува за главните трендови во автомобилската индустрија и за нивното прифаќање и следење во регионот.
Дамир Гавран (Hyundai Motors Europe), изјави: „Ме радува повторната посета на Загреб и можноста да разменам искуство со колегите од сите автомобилски брендови. Со доаѓањето на електричните возила и дигитализацијата, автомобилската индустрија ќе се промени во следните неколку години повеќе отколку во последните сто години. Среќни сме што на конвенцијата ќе можеме да разговараме со носителите на промените на дигиталната револуција, како што е нашиот драг гостин Кристијан Рихтер, прв човек од Google за автомобилска индустрија на глобално ниво”.
Во согласност со епидемиолошките мерки, се очекува дел од гостите да бидат присутни во салата на Сити Плаца во Загреб, додека повеќето од нив ќе ја следат програмата онлајн. Покрај тоа, на конвенцијата ќе зборуваат меѓународни говорници и панелисти: др. Кристијан Рихтер (Глобален директор за автомобили во Google), Руи Фереира (COO – UK стартап за мобилност on.to), Ник Вајт и Патрик Фулер (Директори – Sophus3 најголемата европска платформа за дигитална анализа на автомобилската индустија), Сепи Арани (Директор – Carwow платформа за онлајн продажба), Иво Иванчевиќ (Porsche Croatia), Дамир Гавран (Hyundai Motors Europe & SSBM.ch) и многу други.
Томислав Милетиќ (Emil Frey, увозник на Peugeot и Citroen), изјави: „Многу сме среќни што ќе се одржи ваков автомобилски настан, каде што ќе можеме да разговараме за иднината на автомобилската индустрија во Хрватска и регионот, но и да ги слушнеме најдобрите светски практики од врвни странски експерти“.
Настанот што претставува најголема регионална стручна конвенција за автомобилската индустрија во 2021 година е во организација на Швајцарското училиште за бизнис и менаџмент, Женева.
















