Новиот салон посредува релаксирана и освојувачка атмосфера, во чекор со постојаното подмладување на кругот на купувачи на Rolls-Royce. Просторот е изведен во стил на галерија и располага со посебно ателје, бар и салон, не недостига и дигиталната технологија. Rolls-Royce има салон на оваа локација во Мејфер уште од 1932 година.
Групацијата H.R. Owen, големо име во бизнисот со ексклузивни автомобили во Велика Британија и светот, денес отвори нов салон-знаменосец на марката Rolls-Royce во Мејфер, богаташкиот дел на Лондон. Излогот на салонот гледа и на Стратон Стрит и на Беркли Стрит.
Посебното доживување почнува уште од вратаta, којашто е изведена во стилот на пантеон-маската на Rolls-Royce. Над вратата е Духот на екстазата, Емили, фигура изработена од истиот мајстор како кај автомобилите на марката. По работното време, на прозорците се прикажува видео проекција, создавајќи впечаток дека внатре продолжува работата.
https://photos.app.goo.gl/V32NcGcqx5rdNHPQ8
Внатрешноста е изведена во стил на луксузна галерија, слично на миланските трговски центри со најлуксузни модни марки. Секој модел на Rolls-Royce има посебен простор, дизајниран според моделот.
Посебен дел е „Cabinet of Curiosities“, во којшто се поставени најразлични објекти и парчиња, кои треба да делуваат инспиративно. Во тој дел се договараат деталите за изработката на возилото по нарачка. Разговорот може да продолжи и во барот „Speakeasy“. За посебни пригоди, најголема приватност при договарањето се добива во „Brand Director’s office“.
Срцето на салонот е „ателјето“ со примероци од материјалите и изработките што може да се избираат и комбинираат. Посебен дел е наменет за материјалот на покривот, за кабриолетите, или за тркалата.
Rolls-Royce Motor Cars London влече корени од 1932 година, кога капетан Харолд Ролф Оуен го отвора првиот салон H.R. Owen и почнува со продажба на најскапи луксузни автомобили.
https://photos.app.goo.gl/LLgwMbWnPu2dYiFy6
https://photos.app.goo.gl/j4E9c2U9XFqYzu4j9
https://photos.app.goo.gl/yw8Zs21rUxfdGfcV8
https://photos.app.goo.gl/cN38jcA6c6ewh6cN8
https://photos.app.goo.gl/f35TtVbEfv1HmXmu6
https://photos.app.goo.gl/YX4j9xdtapqJSpx3A
https://photos.app.goo.gl/UnNVjHAz5V2Zxq4M6
https://photos.app.goo.gl/4M3CJPtnNTzPh5Lf9
https://photos.app.goo.gl/xFKQYXwdaMwzebMy9
















