Audi произведе 100.000 примероци од електричниот e-tron

Денес од производствената лента во фабриката на Audi во Брисел се симна 100.000-от примерок од електричниот СУВ-модел на марката со четирите прстени.

Славеничкиот примерок е Audi e-tron Sportback 55 S line quattro во дајтона-сива боја, којшто ќе се испорача на клиент во Белгија. Новата ера на погонот на Audi започна кон крајот на 2018 година, со производството на првиот целосно електричен автомобил во комплетно реновираната фабрика на Audi во Брисел, којашто работи неутрално во однос на емисијата на СО2. Во фабриката се произведуваат и високонапонските батерии за Audi e-tron.

По успешниот старт на продажбата во пролетта 2019, во почетокот на минатата година следеше втората каросериска изведба, на Audi e-tron Sportback. По динамичното СУВ-купе, во август лани од фабриката почнаа да излегуваат Audi e-tron S и Audi e-tron S Sportback. Овие две верзии со посебно високи перформанси располагаат со по три електромотори во погоснската спрега.

Audi e-tron во 2020 беше најпродаван електричен автомобил од германските премиум марки. Електричниот СУВ во минатата година беше и најпродаван воопшто модел во Норвешка, светскиот шампион во електромобилноста.

>>> Audi со четири светски премиери на салонот во Шангај

Претходна објаваDaimler заработи 5 милијарди евра во првиот квартал
Следна објаваКампања за Renault Clio со попуст до 20 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here