Renault стартува со продажна кампања за моделот Clio, којашто трае до крајот на мај и нуди големи попусти за примероците што се на залиха. Како и вообичаено, најголемата корист за купувачите е во изведбите со посилни мотори и најбогатото ниво на опрема. Секако дека е посебно интересна изведбата со погон на автогас.
Renault вчера започна со новата продажна кампања, којашто се однесува на моделот Clio и нуди попусти до 20 проценти на редовната цена. Меѓу главните моделски изведби што се носители на кампањата е Renault Clio со ниво на опрема Zen и со еднолитарски мотор со 100 КС, кој фабрички е приспособен за погон на автогас и со тоа ја има истата 5-годишна гаранција како моделите со обичен погон. Редовната цена на моделот изнесува 16.090 евра, а со попустот во висина од 12 проценти, акциската цена доаѓа на 14.195 евра. Во соработка со Шпаркасе се нуди можност за финансирање, со учество во висина од 2.829 евра, месечна рата од 185 евра, отплата шест години и 4,5% месечна камата.
Опремата на оваа моделска изведба, меѓу другото содржи клима уред, диодни предни и задни светла, греење на ретровизори, радио R&Go, патен компјутер со колор-дисплеј од 4 инчи, волан и рачка на менувач обложени со вештачка кожа, темпомат, штедлива програма за возење, челични тркала од 16 инчи, камера за знаци, хромирани детали, а дополнително се вградени магленки.
Еднолитарскиот турбо-бензинец со 100 КС и 170 Nm стандардно доаѓа со систем старт-стоп и 6-степен мануелен менувач. Крајната брзина изнесува 188 km/h, спринтот до темпо сто трае 12,5 секунди, додека потрошувачката според фабрика се движи меѓу 5,2 и 6,8 литри – втората вредност се однесува при возење на автогас. Покрај резервоарот за бензин од 39 литри, Renault доаѓа со дополнителен резервоар за автогас од 32 литри.
Втората моделска изведба што се нуди во кампањата е Renault Clio со чисто бензински мотор 1.0 TCe и 90 КС, но со врвното ниво на опрема Intens. Попустот тука е уште поубедлив. Место редовните 19.040 евра – заедно со повеќе ставки од дополнителна опрема што веќе се вградени во возилото – оваа изведба на Clio во акцијата чини 15.742 евра. Тоа е повеќе од солидна заштеда од 3.298 евра. Финансирањето во овој случај значи: 3.148 евра учество, рата 204 евра.
Понудата е навистина единствена, поради многуте ставки од дополнителната опрема што веќе се вградени во Clio и практично се нудат гратис. Во тоа што Аутомотив Груп наведува дека дополнително е вградено спаѓаат камера за рикверц и паркинг сензори, пакет навигација со дисплеј од 7 инчи, безбедносен пакет Multisense со бројни системи за асистенција, плус меко обложена арматурна табла и врати, како и кожа на воланот и металик лак.
Со стандардната опременост во нивото Zen, францускиот автомобил постигнува зрелост речиси како семејна лимузина. Во оваа изведба, Clio стандардно доаѓа со автоматика за клима уредот, собирање на ретровизори, сензори за дожд и за светла, пристап без клуч, диодно осветлување на кабината, автоматски долги светла, алу-тркала од 16 инчи, како и со впечатливите светла во форма на потковица. Само со оваа опрема, Clio редовно чини 16.390 евра, а во рамките на кампањата, со сета погоре наведена дополнителна опрема, Renault го нуди моделот за 15.742 евра.

















