за

Daimler заработи 5 милијарди евра во првиот квартал

Од сите марки во концернот Daimler се продадоа 728.600 возила до март, прометот порасна на 41 милијарди евра, чистата заработка изнесува 4,4 милијарди евра.

Менаџментот на Daimler се откажува од дел од платата

Драстична промена на ситуацијата во Daimler, концернот на Mercedes. Наспроти 168 милиони евра заработка во првиот квартал лани, годинава таа изнесува 4,4 милијарди евра. Притоа, прометот пораснал „само“ од 37,2 милијарди на 41 милијарди евра годинава. Шефовите ги подигнаа целите.

Daimler AG ги помести очекувањата од бизнисот за годинава на повисоко ниво, по билансот од првиот квартал. Продажбата на автомобили и камиони на Mercedes & Co порасна за 13 проценти, на 728.600 возила. Тоа се должи на добриот моделски состав, но и на заздравувањето на светската економија. Чистата заработка порасна неколкукратно. Додека во периодот од јануари до март лани, Daimler заработи 719 милиони евра, чистата заработка годинава во истиот период достигнала 4.970 милиони евра. Акционерите заработија по 4,01 евра од акција – лани таа изнесуваше само 9 (девет!) евроценти по акција. Во првиот квартал се вложени 1,2 милијарда евра во материјални добра, а на трошоци за истражување и развој се потрошиле 2,4 милијарди евра.

Продажбата на автомобили и доставни возила на Mercedes-Benz Cars & Vans пораснала за 15% на 627.300 возила. Маржата изнесува 14,3 проценти (лани 2,6%). Автомобилите учествуваат во вкупната продажба со 538.900 примероци (+15%), на доставни возила 88.400 примероци (+16%). Daimler Trucks & Buses во првиот квартал ја зголемил продажбата за 4% на 101.300 возила. Од тоа, 97.600 возила се камиони (+6%), 3.700 возила се автобуси (-27%).

Daimler пред завршетокот на годинава ќе се подели на два дела, едниот за автомобили и „комбиња“, другиот за камиони и автобуси. Целта е акционерите да добијат повисока вредност и да се зголеми профитабилноста. Акционерите ќе гласаат за овој историски чекор на вонредното главно собрание што ќе се одржи наесен.

Електричен Mercedes eActros разнесува пиво во Минхен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota почнува со продажба на електричен фургон и миниван

Audi произведе 100.000 примероци од електричниот e-tron