Audi со четири светски премиери на салонот во Шангај

Изобилство од светски премиери на штандот на Audi на салонот во Шангај. Покрај концептниот A6 e-tron concept и новиот Q5L, прикажани се и два автомобили од новиот партнер SAIC Audi: Продолжена верзија Audi A7L и студија на СУВ со име Audi concept Shanghai, уште маскирана.

Audi продолжува да напредува на пазарот во Кина. Нагласок се става на електричниот погон, за таа цел се гради нова фабрика за електрични возила во Чангчун. Покрај тоа, Audi започнува партнерство со корпорацијата SAIC.

Германската компанија уште пред крајот на минатата година најави основање на Audi FAW NEV Co. Во соработка со долгогодишниот партнер FAW, Audi моментно гради комплетно нова фабрика за идната генерација електрични автомобили. Тие ќе се базираат врз новата платформа PPE, наменета за модели од повисоките класи и со повисоки перформанси. Првите автомобили за кинескиот пазаар ќе стартуваат од фабриката во Чангчун во 2024 година.

Преку второто партнерство со корпорацијата SAIC, Audi ќе го зајакнува своето присуство на најголемиот автомобилски пазар во светот. Соработката стартува уште годинава, со производство во фабриката на Shanghai Volkswagen во Антинг/Шангај.

Четирите светски премиери на штандот на Audi на Ауто Шангај ја најавуваат иднината на марката на големиот пазар

Салонскиот автомобил Audi A6 e-tron concept прв покажува како ќе изгледаат електричните автомобили конструирани врз платформата PPE. Конкретно станува збор за Sportback долг безмалку пет метри. Со батеријата од 100 kWh се постигнува досег од преку 700 километри. Идната сериска верзија ќе се произведува во Европа и во Кина, и ќе се продава глобално. За брзо полнење се грижи 800-волтната технологија. При користење соодветен полнач, за 10 минути се полни енергија за 300 километри пат.

https://photos.app.goo.gl/mfT8da91yuMqvRor8

Audi Q5L ја дополнува гамата на СУВ-моделот од средната класа со изведба со продолжена каросерија, кои се посебно барани на кинескиот пазар. Продолжениот Q5L се произведува во Чангчун, во заедничката фабрика FAW-VW.

Новиот кинески партнер SAIC се докажува со два модели. Едниот е со погон на струја, вториот има моќни бензински мотори. Лимузината A7L е комплетно нова и во оваа форма ќе започне да се произведува во текот на годинава. Моделот од фабриката во Шангај ќе се нуди само во Кина и претставува спој на спортските гени на A7 Sportback и елеганција на голема лимузина. Од техниката, A7L располага со приспособлива пневматска амортизација, управувана задна оска и постојан погон на сите тркала quattro.

https://photos.app.goo.gl/ndyr1QfRQ2pUNjF88

Вториот дебитант уште е маскиран со фолија. Audi concept Shanghai е студија на СУВ со погон на струја, чијашто сериска верзија ќе започне да се произведува во втората половиона од годината.

Audi во 1988 година беше прв премиум производител, што во заедничката инвестиција FAW-Volkswagen стартуваше со локално производство. До денес во Кина се испорачани околу 7 милиони автомобили. Audi во ова партнерство има четири фабрики, во Чангчун, Фошан, Тјанџин и Шингдао. Лани во народната република беа продадени 727.358 возила или за 5,4 проценти повеќе отколку во 2019. Во првиот квартал од годинава, Audi испорача 207.386 возила во Кина.

>>> Рекордна продажба на електричниот Audi e-tron во САД

Претходна објаваНедостигот од чипови голем проблем на салонот во Шангај
Следна објаваPeugeot 2008 избран за СУВ на годината во Украина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here