Автопилотот на Toyota во Јапонија може сам да престигнува

Автопилотот на Toyota во Јапонија може сам да престигнува

Нов систем за асистенција на Toyota со вештачка интелигенција помага во секојдневието и користи радар, стерео и телескопска камера, како и лидар и најпрецизни карти за навигација. Возилото комуницира со возачот при избегнувањето опасност на патот.

Toyota продолжува уште еден чекор напред во насока на зголемувањето на безбедноста во возењето и го воведува новиот систем за асистенција Advanced Drive. Овој систем е достапен во Јапонија и реагира беспрекорно при спречувањето незгода или опасност на патот. Се подобрува и возниот комфор, посебно на автопат. Тоа е дел од стемежот на компанијата, да се постигне сообраќај во којшто нема загинати и повредени лица.

Сите модели на Toyota моментно располагаат со пакетот Toyota Safety Sense, кој содржи најразлични системи за асистенција и помага да се постигне дополнителна безбедност во возењето. Покрај тоа, возилата на Toyota стандардно постигнуваат врвни резултати на краш-тестовите.

Новиот систем се нарекува „Advanced Drive“ и претставува дел од системот за полу-автопилотирано возење „Teammate“. Истиот е достапен во Јапонија, за новата генерација на водородната Toyota Mirai и за преработеното моделско годиште на луксузниот Lexus LS 500h. Со овој систем, возачот и возилото стануваат една целина. Тоа вози кон природно и меко реагирање во возењето, блиску до начинот на којшто реагира човек.

По внесувањето на целта во навигацијата, „Advanced Drive“ сам ја следи лентата и го одржува растојанието од останатите возила, менува лента и ги престигнува останатите учесници во сообраќајот. Возачот не мора да се грижи околу педалата за гас, за сопирањето и за управувањето. Со тоа се смалува заморот при подолги патувања. Возачот може воедно да се посвети повеќе на средината, за возењето да биде побезбедно.

Целта на Toyota е возачот да стекне доверба во новиот систем, дека тој во секое време ќе реагира безбедно и навремено

Системот „Advanced Drive“ користи радар со милиметарска бранова должина и стерео камера, кои се вградуваат и во останатите возила на Toyota. Дополнително се користат телескопска камера, лидар (скратено од Light Detection And Ranging) и карти со висока прецизност.

Вештачката интелигенција се состои во тоа што системот може да врши „Deep Learning“, односно може однапред да препознае одредени ситуации и да се подготви да реагира навреме, исто како тоа да го прави возачот. Притоа се следи и движењето на останатите возила. При опасност се слуша предупредување. Ако возачот не преземе контрола, избира како системот да реагира сам.

>>> Toyota вложува во американска фирма за роботски возила

Претходна објаваŠkoda Enyaq iV освои награда за дизајн Red Dot
Следна објаваWartburg и Trabant сега и службено се олдтајмери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here