Сесилија Таиеб на 15-ти април ќе ја презеде функцијата на директорка за комуникации на Seat S.A на светско ниво. Со повеќе од дводецениско искуство во стратешка комуникација, друштвени медиуми и менаџирање, директорката пристига во Seat S.A во време на големи промени за иднината на компанијата и на нејзините марки Seat и Cupra.
Таиеб има одговорност директно пред претседателот на Seat S.A. Вејн Грифитс и воедно ќе биде дел од највисокиот менаџмент на компанијата, задолжена за менаџирање на корпоративната комуникација, за општествената одговорност и репутацијата, за производи и манифестации, за активирање на содржини и внатрешна комуникација, како раководителка со тим од 30 лица.
Главната цел на Сесилија Таиеб е да ја зајакне дигиталната стратегија на Seat S.A. заради воспоставување нови видови на комуникација, нови канали и платформи, преку кои што ќе се допира до поширок круг корисници во светски рамки.
https://photos.app.goo.gl/NM7SQrKjF43TRL3o8
Таиеб има голем удел во поставувањето нови стандарди за комуникација во многубројните сектори во коишто има работено. Последниот ангажман ѝ бил во глобалната комуникација на Астра Зенека Онкологија, од седиштето во Кембриџ, Велика Британија. Сесилија претходно била директорка за комуникации, обука и усовршување во Јужна Европа, Русија, Полска, Турција и Африка.
Сесилија е дипломирана преведувачка и толкувачка на ИСИТ (Institut Supérieur d’Interprétation et de Traduction) во Париз, магистерка по интернационални бизнис преговори на Универзитетот Сорбона во Париз и завршила извршна програма за бизнис менаџмент на МИТ (Massachusetts Institute of Technology). Таа говори течно шпански, англиски и француски.
>>> Seat ќе ја електризира Шпанија
















