Škoda продолжува со освојување на светскиот пазар. Во Обединетите Арапски Емирати почна со работа новиот салон, лоциран во Дубаи. Во салонот има место за 40 возила, на површина од 1.200 метри квадратни. Моделската понуда на Škoda во ОАЕ се состои од шест модели, вклучувајќи ги трите СУВ-модели KAMIQ, KAROQ и KODIAQ.
Освојувањето нови пазари е дел од програмата Next Level на Škoda. Стратешки се избираат пазари на коишто може да се постигне профитабилно зголемување на пазарното присуство. Во Дубаи е отворен најголемиот салон на Škoda во светски рамки, со површина од 1.200 метри квадратни.
Возилата на чешката марка се изложени во салонот на локалниот дилер Ali & Sons, со кого што Škoda соработува од 2010 година. Постоечките и идните клиенти можат да посетат еден од трите дилерски центри, кои се наоѓаат уште во ал-Аин и во Абу Даби.
Моделите SCALA и KAMIQ стартуваа со продажба во ОАЕ лани, а во почетокот од годинава им се придружија новата OCTAVIA и KAROQ. Понудата ја дополнуваат големиот СУВ-модел KODIAQ и лимузината SUPERB.
Чешкиот производител лани ја зголемил продажбата во Емиратите за 35 проценти.
















