Пожар во фабрика за чипови во време на криза од чипови

Во фабриката за полупроводници на Renesas во Нака, Јапонија, во петокот избувнал пожар. Нема повредени, но оштетени се една стерилна просторија и голем број машини во објектот.

Шефот на Renesas, Хидетоши Шибата, ветува дека неговата компанија ќе направи сé, за производството да продолжи во најкус можен рок. Прекинатата испорака на чипови најмногу ги погоди производителите на автомобили. Голем дел од компаниите веќе се соочуваат со недостиг од полупроводници. Повеќе производители мораа во минатите месеци да го прекинат производството на одредено време.

Во време на корона-кризата, кога мируваа фабриките на производителите на автомобили, драстично се намали побарувачката за чипови од автомобилската бранша. Поради тоа, производителите на чипови се концентрираа на други клиенти, меѓу другото на производители на паметни телефони и играчки конзоли, чијашто побарувачка се зголеми масивно во кризата.

Откако побарувачката за автомобили почна да заживува побрзо отколку што се очекуваше, се појави недостиг од чипови. Прекините во струјната мрежа во Тексас, кој предизвика мирување на повеќе фабрики за чипови, дополнително го зголеми проблемот.

>>> Недостигот од чипови може да прерасне во долготрајна криза

Претходна објаваКина стравува дека Tesla врши шпиoнажа
Следна објаваPagani Huayra R по цена од 2,6 мио. EUR, во 30 парчиња

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here