Во концернот Stellantis има многу марки, но само една техника што ќе се вградува во сите автомобили од марките. Бројни капацитети остануваат непополнети. Во историското седиште на Opel во Риселсхајм веќе подолго време не се случува ништо. Затоа германските ограноци на Fiat и Chrysler, нови другари од концернот Stellantis, си најдоа нов дом во седиштето на Opel.
Организацијата на Fiat Chrysler Automobile (FCA) во Германија се сели од Франкфурт на Мајна во Риселсјахм, каде што се наоѓа германската централа на концернот Stellantis. Итало-американскиот производител на автомобили со овој чекор само им се придружи на марките на PSA, односно на Peugeot, Citroën и DS, кои уште во 2019 година се вселија во седиштето на Opel во Риселсхајм.
Само неколку денови по преземањето на новите работни обврски како директор на FCA во Германија, Амари де Бурмон реши, FCA Germany да се пресели во седиштето на Stellantis во Германија, а тоа е кај Opel во Риселсхајм. Сите марки и натаму ќе настапуваат самостојно на пазарот, посочија во соопштението од коцнернот.
„Ова здруживање на активностите овозможува обемни синергии, како и покус и побрз пат на донесување одлуки, што ја зголемува ефикасноста“, изјави Де Бурмон, кој е истовремено претседател на управниот одбор на FCA Germany AG и на Groupe PSA Deutschland GmbH. Целта на преселбата е подобра координација и „уште појасно диференцирање на марките на Stellantis во Германија“, соопштуваат од групацијата.
Досегашната централа на FCA-Germany во Франкфурт не се продава. Таму ќе останат салоните на марките Fiat, Abarth, Alfa Romeo, Fiat Professional и Jeep.
















