Audi произведе 250.000 примероци од Q3 во унгарскиот Ѓер

Славеничниот модел е Audi Q3 Sportback во танго-црвена боја, со приклучен хибриден погон, нарачан од купувач во Германија.

Успешната приказна на Audi Q3 започна во 2018 година, со стартот на производството во Унгарија, во Ѓер. Компактниот СУВ оттогаш се има произведено во најголем број од сите модели што излегуваат од фабриката. Освен со класичен погон, примероците од Audi A3 оттука излегуват и со благ хибриден и приклучен хибриден погон.

Во 2019 година следеше и стартот на производството на Audi Q3 Sportback, кој во следната година победи во рамките на изборот „Best Cars“ во категоријата на компактни СУВ-модели и теренци. Верно на традицијата, моделот се нуди и во спортска варијанта RS, во којашто се вградува фамозниот петцилиндарец од 2,5 литри на Audi.

Лани во Унгарија беа произведени вкупно 155.157 автомобили, од кои 94.659 примероци од Audi Q3 и 47.232 примероци од Audi Q3 Sportback. Со напредокот во ерата на елекромобилноста, лани се произведоа и над 24.000 примероци од Audi Q3 со благ хибриден погон и 480 примероци со приклучен хибриден погон. Најголеми пазари за Q3 лани биле САД, Германија и Италија.

Во фабриката во Ѓер се произведуваат уште Audi TT Coupé и TT Roadster.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Претходна објаваБританија: Полициските камери да проверуваат и осигурување и регистрација
Следна објаваMG годинава отвора 200 нови салони ширум Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here