Истражување спроведено во Велика Британија открива дека девет од десет возачи ја подржуваат идејата, камерите што ги регистрираат пребрзите возила да се користат и за откривање на автомобилите што се нерегистирани или неосигурени.
Се цени дека на патиштата во Велика Британија на секои 20 минути се случува човек да биде повреден од возач што нема платено осигурување за своето возило. Понатаму, повеќе од една четвртина од возачките и возачите не знаат кога им истекува регистрацијата за возилото. Во островската држава постојат 630.000 возила со истечена регистрација или осигурување.
Неоспорно е дека камерите одлично си ја вршат намената за откривање на возачите што ја пречекоруваат дозволената брзина, но не смее да се занемари фактот дека возачите чиишто возила се неосигурани, нерегистрирани или немаат поминато технички преглед, исто така можат да им наштетат на останатите учесници во сообраќајот, ценат експертите во земјата.
Друго истражување покажува дека главнината од возачките и возачите (82 проценти) ја подржуваат идејата за камерите автоматски да ги казнуваат возачите кои ќе поминат на црвено светло во градска средина. Понатаму, четири од пет возачи се сложуваат камерите автоматски да ги казнуваат возачите кои ја надминуваат брзината за повеќе од 10 милји на час (16 km/h) во населби.
















