Мебелот од ИКЕА во Јапонија пристига со електрични камиони

Јапонската марка камиони Fuso, дел од концернот Daimler, ги испорача на Ikea првите три примероци од електричниот Fuso eCanter. Светскиот гигант во бизнисот со мебел е прв во својата бранша што во Јапонија ги користи електричните камиони eCanter.

Јапонскиот огранок на Ikea се залага за заштита и обновување на животната средина, за на тој начин да влијае позитивно врз луѓето, општеството и Земјата. Ikea прво си постави цел емисијата на стакленички гасови од потрошувачката на енергија до 2030 година да ја намали за 80 проценти.

Од друга страна, Ikea до средината на деценијава целосно ќе го префрли својот возен парк на електрични возила. Вклучувањето на трите електрични камиони Fuso eCanter е прв чекор во таа насока. Едното возило ќе се користи во Токио за дистрибуција на производи меѓу центрите IKEA Kohoku и IKEA Harajuku, додека другите дава електрични камиони ќе се користат за испорака на мебел директно до домот на клиентите.

Камионот од 7,49 тони со полна батерија минува до 100 километри, што е доволно за работа во градска средина. Во случајот на Ikea, камионот меѓу двата центри минува до 50 километри дневно. Тоа значи дека останува резерва за дневно без проблем да се направат две тури, без потреба од полнење на батеријата.

Fuso како дел од Daimler Trucks, до 2039 година ќе нуди возила што ќе бидат целосно неутрални во однос на СО2, во „Тријадата“, односно во Европа, Северна Америка и Јапонија. Во островската држава веќе се користат повеќе од 60 електрични Fuso eCanter во секојдневната работа, додека во светски рамки досега се испорачани повеќе од 200 возила.

>>> Двестотини примероци од електричниот камион Fuso возат ширум светот

fuso ecanter isporaka

Претходна објаваŠkoda Octavia Pro специјално за кинескиот пазар
Следна објаваBMW лани продал 2,5 милиони автомобили и мотоцикли

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here