Романија нарача 123 електрични автобуси од Solaris

Во јавниот превоз во шест градови во Романија ќе сообраќаат електрични автобуси. Победник на тендерот е специјалистот за автобуси, полскиот Solaris.

Дванаесетметарски автобуси со електричен погон од полскиот Solaris ќе возат во шест градови во Романија: Јаш, Сибиу, Сигету Мармациеј, Сучеава, Таргу Муреш и Питешт (таму е фабриката на Dacia). Вкупната вредност на зделката изнесува близу 65 милиони евра. Целата нарачка од 123 автобуси од Solaris со чистиот и тивок погон ќе бидат испорачани до крајот на следната година.

Електричните автобуси од моделот Urbino 12 electric располагаат со можност за полнење на батеријата преку пантограф и преку приклучување на полнач. Тендерот опфаќа и мрежа од полначи за брзо и бавно полнење на секоја локација. Автобусите се климатизирани и опремени со комплетен систем за информирање на патниците и скроени се точно според потребите на секој град.

Во сумата од 65 милиони евра, влегуваат 123 полначи од 40 kW и 36 пантографски полначи од 300 kW.

Романскиот тендер е еден од најголемите тендери за електрични автобуси во Европа. Во последните неколку години, Solaris потпиша договори за испорака на 130 зглобни автобуси Urbino 18 за Варшава, 90 автобуси Urbino 12 electric за Берлин и 40 автобуси Urbino 12 electric за Милано.

Solaris има испорачано над 300 возила во Романија од 2002 година. Во тој возен парк спаѓаат 100 тролејбуси и 40 електрични автобуси Urbino 12. Моментно се изработуваат уште 25 автобуси Trollino 18 за градот Брашов и 11 автобуси Trollino 12 за Таргу Жиу.

>>> Милано нарача уште 100 електрични автобуси

Претходна објаваСтудија: Volkswagen в година станува лидер во електромобилноста
Следна објаваBMW M3, М4 и M5 се новите безбедносни возила во МотоГП 2021

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here