На германските патишта возат повеќе примероци од Trabant отколу возила од марката Tesla, иако возилата од некогашната источногерманска фабрика престанаа да се произведуваат уште во 1991 година.
Германските медиуми масовно ја објавуваат информацијата од пазарните аналитичари во земјата, кои изброија дека во земјата моментно се регистрирани повеќе возила од марката Trabant отколку од електричната марка Tesla.
Во последните десет години, бројот на возила Trabant што можат да учестуваат во секојдневниот сообраќај дури се зголемил за околу 3.000 примероци и изнесува 38.173 возила. Само во периодот од јануари лани до истиот месец годинава, бројот се наголемил за уште 1.000 возила. „Трабант е мало чудо, очигледно дека некои од старите ‘двотакташи‘ се вратија во живот во последните години“, пишуваат медиумите.
Според тоа, електричната марка Tesla уште не може да се споредува со Trabant, кога станува збор за бројот на регистрирани возила во Германија, најголем автомобилски пазар во Европа. ВО почетокот на годинава, во земјата има регистрирано околу 34.000 примероци од Tеsla. Калифорниската марка треба да продаде уште 4.000 возила за да го престигне Trabant. За тоа да се случи, треба да минат одвај неколку месеци.
https://www.instagram.com/p/CANoIsbiJo4/
















