Seat Ateca расклопена по 100.000 km, видеото е уникат

Денешните автомобили допрва се разработуваат по сто илјади километри. Seat Ateca со толку километри на бројчаникот беше расклопена од шпанските инженери, заради проверка на истрошеноста на деловите. Поголема е сензацијата во кусото видео што произлезе од тој потфат.

По извозени 100.000 километри, тим од инженери расклопи Seat Ateca, дел по дел, со цел секој од нив да се прегледа најтемелно. Резултатот од тоа е своевиден тетрис од 4.000 парчиња што е овековечен во ова кусо, но ефектно видео.

„По минувањето 100.000 километри, автомобилот треба да функционира исто како во првиот ден“, цени Хозе Луис Дуран, инженер за развој во техничкиот центар на Seat. За тоа да се провери, тимот на шпанската марка се впушти во сонот на секој автоентузијаст.

При проверката на 4-те илјади делови на автомобилот, тимот посебно внимаваше на деталите: На подмачкувањето на моторот, на можно провлекување нечистотија, на запечени места. Секој дел се изработува со сопстена спецификација, со толеранции кога делот е студен и толеранции кога истиот тој дел е вшежтен, и мора да издржува и растегнување и притискање.

За овој необичен колаж од делови, на инженерите им неше потребен еден и пол ден, за автомобилот да го расклопат и секој дел да го проверат посебно.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Претходна објаваТест на 15 летни гуми со димензија 205/55 R16
Следна објаваКалифорниско гратче забрани изградба на нови станици за гориво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here