Во Mercedes-AMG во иднина ќе работи повеќе F1-техника

Mercedes-AMG од своето седиште во Афалтербах и Mercedes-AMG Petronas F1 Team во Бракли, Англија, соработуваат уште од 2012 година. Оваа соработка ќе се продлабочува, преку зајакнување на присуството на марката Mercedes-AMG во мотоспортот, но и преку пренесување на тркачката техника во сериските автомобили.

Постои голем повод за перформанс-марката Mercedes-AMG и тркачкиот тим Mercedes-AMG Petronas да ја подигнат соработката за уште едно скалило. Хиперавтомобилот Project ONE првпат ќе донесе технологија од формула 1 во автомобил што ќе се движи во секојдневен сообраќај. Првите примероци од ексклузивниот Project One ќе им бидат испорачани на сопствениците уште во текот на оваа година.

Со присигнувањето на хиперавтомобилот ќе се означи и почетокот на електрификацијата на моделите на Mercedes-AMG. Перформанс-марката на Mercedes-Benz во иднина ќе понуди моделски изведби ќе ја носат ознаката E PERFORMANCE и ќе располагаат со моќен и ефикасен хибриден погон.

Mercedes-AMG во Афалтербах има директен пристап до победничката технологија на Mercedes-AMG Petronas F1 Team. Продлабочената соработка меѓу Бракли, Бриксворт и Афалтербах ќе го забрза преоѓањето на технологиите од мотоспортот во сериските возила и обратно. На тој начин, Mercedes-AMG им се обраќа подиректно и на купувачите што се големи фанови на Ф1 и многу им значи да поседуват техника од мотоспортот во својот автомобил.

Mercedes-AMG во 2012 година започна партнерство со Mercedes-AMG Petronas F1 Team и со Mercedes-AMG High Performance Powertrains (HPP). Оттогаш се остварени бројни соработки. Последната од нив е елеткричниот турбополнач, кој во формула 1 се докажа во најекстремни услови и наскоро ќе почне да се користи во сериските модели на AMG.

Соработката натаму се планира да се одвива и во подрачјето на батериите, но ќе биде опфатен и маркетингот, каде што спаѓаат и компјутерските симулации, односно е-спортот. Mercedes-AMG во изминативе 11 години е мошне успешен и во делот на приватните тркачки тимови, во GT3 и GT4 шампионатите.

https://www.instagram.com/p/CL_cLxCKong/

>>> Mercedes-AMG GT Black Series одликуван како „оружје за трки“

Претходна објаваLexus во улога на јапонска градина за медитација
Следна објаваŠkoda Enyaq со германски субвенции од 33.800 на 24.230 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here