Renault Clio е најштедлив за службено возило

Renault Clio V најпродаван модел Франција

Renault Clio TCe 90 покажа најниски трошоци во споредбата на модели од градската класа што ја направи германскиот специјализиран магазин „Flottenmanagement”.

Во најновото издание на магазинот што им е редовно четиво на менаџерите на возни паркови, Flottenmanagement споредуваше 13 бензинци со моќност од околу 95 КС и со споредливо ниво на опрема.

Главните критериуми за оценување беа трошоците што настануваат во одреден период и при одредена километража, техничките податоци, опременоста и енократните трошоци при купувањето. На тоа се надоврзуваат и факти што се решавачки кај возните паркови, како што се густината на сервисната мрежа и гаранциите.

Renault Clio се издвојува најмногу во опременоста и во трошоците. Специјалистите на магазинот ја избраа моделската изведба во нивото Business Edition, што на германскиот пазар е посебно скроена за фирмите со големи возни паркови. Од опремата, посебно се ценат  комплетната заштита со воздушни перници, самостојното запирање при опасност, блутут и климата. На тоа следат уште сензори за светло и за дожд, паркинг сензори, систем за навигација, магленки и грејачи во предните седишта. Кај техничките податоци се внимаваше најмногу на просечната потрошувачка, емисијата на СО2, досегот, зафатнината на багажникот и носивоста.

2-ро место за Ford Fiesta 1,0 l EcoBoost

3-то место за Škoda Fabia 1.0 TSI

Претходна објаваPorsche Taycan Cross Turismo струјата го вози насекаде
Следна објаваVolvo во првите два месеци продал за третина повеќе возила од лани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here