Ford сака повеќе да искористи од продажниот бум на електричните автомобили во Кина. Заради подобро услужување на кинескиот автомобилски пазар, кој носи одлични заработки, американскиот производител најави дека електричниот СУВ–модел Mustang Mach-E во иднина ќе го произведува локално. Гигантот од Дирборн во Кина има заедничка инвестиција со Changan Automobile, кои ќе бидат задолжени за локалното производство.
Производството на Mach-E ќе стартува подоцна годинава. Во Кина ќе се произведува и изведбата со посилен погон Mach-E GT. Со овој стратешки чекор, Ford им се придружува на останатите автомобилски производители од западот, што во Кина применуваат агресивна продажна кампања, особено за скапите возила од премиум сегментот. Меѓу нив, најмногу предничат Tesla и Daimler.
Клиентите во Кина можат уште сега да го купат Mustang Mach-E, меѓутоа автомобилот е од увоз и подлежи на дополнителни давачки кон државата. Локалното производство ќе ѝ овозможи на американската компанија да добие подиректен пристап на пазарот. Ford во соработка со Changan моментно го произведува Lincoln Corsair. Покрај тоа се увезуваат уште голем број модели на Lincoln и Ford.
>>> Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E
https://www.instagram.com/p/CJ89iBDLFBM/
















