Проектот за автомобил на Apple добива сé поконкретна форма. Според една медиумска објава, шефот за моделската серија Porsche Cayenne и експерт за подвозје Манфред Харер, ангажиран е да работи на iCar.
Долгогодишниот раководител во развојот на подвозје во Porsche, Манфред Харер, сосем извесно е дека заминува во Apple. Веста беше објавена на порталот Business Insider.
Ангажирањето на експерт за подвозје е сигурен знак дека Apple самостојно ќе го развива подвозјето за iCar. Харер досега беше одговорен за моделската серија Cayenne, а работи за Porsche од 2007 година. Инженерот го презеде шефувањето со развојот на подвозје во 2016 година.
Харер уште пред завршетокот на минатата година се збогувал со своите колеги, без притоа да ја наведе причината. Porsche бара да се почитува преодниот рок што е вообичаен во браншата, пред Харер да почне да работи за новиот работодавец.
Поранешен врвен менаџер на Volkswagen изјави за порталот, дека е „неверојатен ловот на кадри на Американците“. За Харер, неименуваниот менаџер понатаму наведува дека тој бил „сокриен шампион, мирен човек, без нападен став, но во своето подрачје на работа, тој е ненадминат.“
















