BMW користи алуминиум произведен со пустинско сонце

bmw алуминиум соларна енергија

Договор со компанија од Емиратите покрива сума во износ од стотици милиони евра, за испорака на 43.000 тони алуминиум во текот на 2021 година. Групацијата планира и на подолг рок да набавува алуминиум произведен со зелена струја, со што атмосферата ќе ја поштеди од 2,5 милиони тони СО2 до 2030 година.

Групацијата BMW набавува алуминиум за чиешто производство се користи струја добиена од сончевата енергија. Тоа е важен чекор во намерата на компанијата до 2030 година да ја смали емисијата на СО2 во мрежата од добавувачи за 20% до 2030 година. Примената на зелена струја е важна при производството на алуминиум, затоа што во процесот е потребно многу енергија.

Алуминиумот ќе се користи во ливницата за лесни легури на групацијата BMW во Ландсхут и ќе се преработува во каросериска ламарина и во делови за мотори (глава и блок на мотор), исто и во делови од погонот на електричните автомобили.

Лесниот метал добива уште поголемо значење во времето на електромобилноста, затоа што поради ниската тежина се користи во поголема мера за да се надомести тежината на батеријата. Во исто време е особено важно алуминиумот да се произведува со чиста струја. Само добивањето примарен алуминум, значи алуминиум што се добива директно од минералната суровина алумин, учествува со 60% во вкупната емисија на СО2 на целата алуминиумска индустрија во светски рамки.

Соларен парк во пустината во Дубаи испорачува зелена струја за производство на алуминиумот за BMW

Долгогодишен партнер на BMW во снабдувањето со примарен алуминиум е компанијата Emirates Global Aluminium (EGA) . Тоа е прва компанија во светот што користи соларна струја за комерцијално производство на алуминиум и во моментов ексклузивно го снабдува BMW. Струјата за алуминиумот доаѓа од соларниот парк Мохамед Бин Рашид Ал Мактум во пустината во Дубаи.

Оператор со соларниот парк што понатаму ќе се развива во најголем капацитет од ваков вид во светот, е Агенцијата за струја и вода на Дубаи.

>>> BMW разви посебна техника за бојадисување карбонски покрив

Претходна објаваKia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти
Следна објаваMercedes најпродавана марка во Швајцарија во јануари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here