за

Mercedes најпродавана марка во Швајцарија во јануари

Насловот за првото место на Mercedes открива само половина од вистината. Втора најпродавана марка во богатата алпска држава во првиот месец од годината е BMW.

Mercedes Швајцарија

Затворањето на салоните за автомобили поради мерките против корона, го донесе најслабиот јануари во Швајцарија во тековниот милениум. Во првиот календарски месец од 2021 година се продадени 15.130 нови патнички автомобили или за 19,5 проценти помалку отколку во истиот месец лани. Салоните и авто-организациите бараат итно отворање на салоните.

Швајцарија се соочува со голем пад во продажбата во јануари, како последица од затворените салони за автомобили, поради важечките мерки за заштита од корона. Претставници од браншата посочуваат дека уште во првиот бран на пандемијата почнале да се применуваат начини за безконтактно пробно возење и предавање на возилата. „Мора да се овозможи, автомобилите да им се покажат на најмногу пет лица и да се води куси разговори, вклучувајќи и можна замена за псотоечкото возило“, посочуваат од швајцарската автомобилска асоцијација.

За годинава се предвидува пазарот да достигне 270.000 новорегистрирани автомобили, што би претставувало раст од 14 проценти во споредба со лани. За тоа да се псотигне, сепак ќе биде потребно да се ограничат негативните влијанија на пандемијата врз економијата.

Секое седмо ново возило во Швајцарија е со електричен погон

Во поглед на видотна погон, во јануари е забележан раст од 50% во бројот на патнички автомобили што користат електромотор во погонската спрега. Автомобилите со хибриден и електричен погон, како и возилата што користат автогас или водород, во јануари учествувале со 35,4 проценти во вкупниот пазар, што исто така претставува раст од 28,2 проценти во споредба со ланскиот просек.

Едно од секои седум продадени возила во јануари располагало со електричен погон. Уделот на приклучни хибриди, електрични и водородни автомобили изнесувал 14,4 проценти, што е повисоко од просекот лани.

За швајцарските автомобилисти е сосем извесно дека продажбата на електричните возила ќе продолжи да расте и во 2021 година, иако не во толкав обем како во минатата година. Тоа се должи на помалиот број на нови модели со електирчен погон што ќе стартуваат со продажба во ’21. Наспроти удвојувањето на продажбата на електрични автомобили во минатата година, за тековната се очекува растот да изнесува околу 20 проценти.

Пазарот за Mercedes се смалил за десетина проценти, додека некои волуменски марки изгубиле и до половина од уделот што го држече лани во јануари

Сменетите услови на живеење и работење соодветно го сменија и соодносот меѓу одделните автомобилски марки. Фактот што Mercedes, со 1.629 возила, е најпродавана автомобилска марка во Швајцарија во првиот месец од ’21, повеќе е резултат од помалиот пад во продажбата на германската марка, во споредба со останатите марки. Mercedes во јануари изгубул само 10,8% од пазарот што го имал лани во истиот месец, додека марки како Renault и Fiat забележиле минус од 46,8%, односно 36,7 проценти соодветно, на 12-то и 13-то место.

Второто место му припаѓа на BMW со 1.340 возила и пад од 28,6 проценти, по што следат Volkswagen на третото место и традиционално моќната Skoda на четвртото место. Уште две марки на концернот Volkswagen го дополнуваат швајцарскиот Топ 10: Seat на петтото место и Audi како шеста најпродавана марка во јануари.

Toyota на седмото место има најмал пад во продажбата од „не-премиум“ марките (-8,8%), а одлично се држи и Volvo едно место подолу. Ford напредувал за 4,6 проценти, а исто напредувал и Peugeot, кој успеа да влезе во Топ 10 во јануари, но продажбите на француската марка веќе со години се под нивото што таа некогаш го постигнуваше.

Suzuki традиционално ужива висока продажба, Швајцарците го ценат погонот 4х4 на јапонската марка

Suzuki е високо на 20-то место на швајцарскиот пазар, пред Mitsubishi, Honda, Nissan и Subaru, што не треба да изненадува, имајќи предвид дека возачките и возачите во алпската држава при изборот често им даваат предимство на моделите со погон на сите тркала – Suzuki во тој поглед важи како специјалист и го нуди погонот 4х4 во целата гама.

suzuki jimny svetski avtomobil 2019

Со животниот стандард, не нзненадува ниту 16-то место на Porsche, со повеќе продадени возила од Citroen или Opel. Електро-специјалистот Tesla во минатиот месец испорачал 63 возила во земјата, што е голем пад во споредба 203 возила лани во јануари.

Уште една специфика на пазарот е тоа што близу половина од продажбата отпаѓа на возила со погон на сите тркала (49,6%). На хибридни и микро-хибридни возила отпаѓаат 20,8% од пазарот, додека приклучните хибриди заостануваат со 7,6 проценти удел. Прашање е кога чисто електричните возила ќе ги престигнат првиве – нивниот удел во јануари изнесувал 6,8 проценти.

>>> Škoda Octavia е Најпосакуван автомобил во Швајцарија за 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw алуминиум соларна енергија

BMW користи алуминиум произведен со пустинско сонце

General Motors Мери Бара

General Motors по 2035 година ќе произведува само електрични автомобили