Blaupunkt LAZ 6525 е фабричката ознака на оригиналниот звучник со топчесто куќиште што беше меѓу најпродаваните модели на звучници за автомобили во 1970-те и 1980-те години. Марката со сината точка повторно го произведува моделот, сега како „Globe Speaker”, наменет за вградување во јанг- и олдтајмери.
Звучникот со широкопојасно фреквентно подрачје постигнува моќност од 55 вати и произведува звучен притисок од 86 децибели. Номиналната моќност изнесува 25 вати. Мембраната е хартиена, корпата е од челична ламарина, отпорот е 4 оми.
Blaupunkt Globe Speaker покрива фреквентно подрачје од 100 до 20.000 херци. Зглобниот држач овозможува звучникот да се насочи во посакуваниот правец. Цената на германскиот пазар изнесува 39 евра, во пакетот се вклучени шаблон за дупчење, кабел и завртки за прицврстување.

















