Секој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе добие полначи за електрични автомобили

Секој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе нуди полначи за електрични автомобили

Сопствениците на електрични автомобили во Германија, од следниот месец ќе имаат поголема комоција да ги користат полначите во синџирот супермаркети Kaufland. Новата апликација eCharge App им овозможува на купувачите во Kaufland да дознаат која станица за полнење е слободна пред да појдат во набавка. Интерактивната карта ги прикажува сите полначи на Kaufland и нивната достапност во моментот.

Од средината на февруари, клиентите во Баварија, во дел од Баден-Виртемберг, Хамбург, Бремен и во градовите Штаде и Гетинген ќе можат преку апликацијата да го стартуваат и полнењето на батеријата на

својот електричен автомобил. За да ја преземат апликацијата, корисниците единствено треба да го скенираат QR-кодот со смартфонот.

Околу дваесет проценти од супермаркетите на Kaufland во Германија располагаат со полначи, што клиентите може да ги користат во работното време на истите. Компанијата има за цел да придонесе за проширување на мрежата од полначи и во иднина ќе продолжи да поставува нови станици за полнење. До 2028 година, секој маркет во сопственост на Kaufland во Германија ќе располага со полнач за електричен автомобил.

Станиците на Kaufland располагаат со брзи полначи, на коишто истовремено може да полнат два клинти. Моќноста изнесува до 50 киловати за еднонасочна струја и до 43 киловати за наизменична струја. За времето од 45 минути, додека купуваат во супермаркетот, клиентите можат батеријата на своите електрични авотмобили да ја наполнат до 80 проценти. за сите станици се користи 100% еколошка струја.

>>> Супермаркетите во Британија поставиле над 1.000 полначи за електромобили

Претходна објаваBMW со дузина активности во светот на сим-мотоспортот
Следна објаваSubaru WRX STI: Легенда од сино-златната ера на релито

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here