Lamborghini Sian на спектакуларни кадри во Лондон

Lamborghini Sian на спектакуларни кадри во Лондон
Sian

Lamborghini London, во сопственост на светски прочуениот трговец со луксузни автомобили H.R.Owen, испорача два примероци од ултра-реткиот Sian. Првпат два примероци од овој историски важен модел се најдоа заедно на фотографија, секако со познати мотиви од Лондон.

Lamborghini London го прослави пристигањето на Lamborghini Sián во Велика Британија со првата фотосесија во којашто се појавуваат два примероци од моделот. Во островската држава ќе се испорачаат само три од вкупно 63 примероци од Sian.

Станува збор за најсилниот и најстартен Lamborghini во историјата. Првпат во светот се применува хибриден погон со суперкондензатори. Моторот V12 од 6,5 литри е комбиниран со 48-волтен електромотор, системската моќност е 819 КС. Спринтот до темпо сто трае само 2,8 секунди, крајната брзина е над 350 километир на час.

Суперкондензаторите се лесни и се полнат со молскавична брзина, практично се полнат при секое сопирање. Електромоторот и суперкондензаторите заедно тежат само 34 килограми и трипати се поефикасни од систем со обична батерија со иста тежина.

Врвна технологија претставуваат и монококот од карбон, вшмукувачките вентили од титан, активната аеродинамика и управуваната задна оска.

H.R. Owen поседува четири салони за Lamborghini во Велика Британија: Лондон, Пангборн, Манчестер и Хетфилд.

https://www.instagram.com/p/CKhgyuTKcfq/

>>> Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Претходна објаваБајден целиот возен парк на САД ќе го префрли на струја
Следна објаваИмето Celica се враќа кај наследникот на Toyota GT86?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here