Италијанската каросериска работилница Ares, познато име во кругот на луксузните преработки, уште еднаш ги докажа своите способности преку изработката на Tesla Model S Convertible по посебна нарачка од клиент.
Ателјето со седиште во Модена, Италија, доби нарачка да преработи Tesla Model S во привлечен кабриолет со две врати, вклучувајќи и зафати во каросеријата, подвозјето, аеродинамиката и во внатрешноста. Секако дека ова не бил проект што се завршува за два дена.
По отсекувањето на покривот и отстранувањето на задните врати, заедно со средишните столбови, вградени се нови и подолги предни врати. Посебен предизвик беше конструирањето и дизајнирањето нов заден поклопец, со простор долу за сместување на отстранливиот покрив. За да додадат вистински италијански стил, во Ares додадоа цел комплет стилски и аеро-функционални спојлери од карбон.
За да се врати цврстината на шасијата по отстранувањето на покривот, додадени се зајакнувања по страниците, под кокпитот и под задната клупа. Специјалистите за кожа преку строго рачна работа ги обложија седиштата и кабината со бела кожа, заедно со детали во портокалова боја, по желба на клиентот.
https://www.instagram.com/p/CKRfYdsFzKB/
















