Suzuki ќе ги претстави новите мотоцикли на виртуелен салон

Suzuki ќе ги претстави новите мотоцикли на виртуелен салон

Во првиот петок од следниот месец, на 5-ти февруари, Suzuki Motorcycle ќе ја пушти иновативната дигитална платформа за комуникација, којашто е замислена како виртуелен салон за мотоцикли. Се најавува изобилство новитети.

Љубителите на мотоциклизмот ширум светот ќе го потцртаат датумот 5-ти февруари во својот календар. Во осум часот наутро се отвора Suzuki Motorcycle Global Salon, како нов виртуелен салон за мотоцикли на марката од Хамамацу. Глобалниот салон за мотоцикли ќе им овозможи на клиентите на Suzuki и на љубителите на мотоциклизмот од целиот свет, виртуелно да го посетат салонот од секоја точна на планетата. Со овој дигитален простор се отвора нова ера на комунукација, којашто ќе се надоврзе на постоечките и традиционални начини на комуницирање.

Посебноста е во тоа што иновативната дибгитална платформа не е развиена како вебсајт, туку е апликација што се презема бесплатно. Првата верзија на Suzuki Motorcycle Global Salon ќе биде наменета за Windows, а набрзо ќе следи и верзија што е наменета за смартфон. Тоа ќе овозможи секој да пристапи до апликацијата во секое време од денот.

Единственото што е потребно за преземање на апликацијата е регистрација преку е-пошта. Регистрирањето и преземањето на платформата ќе почне на 28-ми јануари (во следниот четврток), во осум часот наутро.

Suzuki Motorcycle Global Salon ќе овозможи лесен и брз пристап до цела низа практични функции, вклучувајќи пренос во живо од претстсавување на нови мотоцикли, исто како при посетување салон за мотоцикли. Преку директен канал ќе може да се поставуваат прашања до увозниците на Suzuki во земјата.

Дел од функциите на Suzuki Motorcycle Global Salon

  • Претставување нови модели
  • Виртуелен салон со 3D-приказ на модели
  • Конфигуратор (оригинални бои и прибор)
  • Електронски технологии и системи
  • Прашања и посебни барања
  • Разговор со другите корисници

>>> Славеничкиот GSX-R1000R за стогодишнината на Suzuki во салонот во Скопје

Специјална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

Претходна објаваToyota Highlander стартува од 53.250 евра во германскиот ценовник
Следна објаваRivian обезбеди уште 2,65 млрд. $ од инвеститорите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here