Дилер во Зимбабве увезува користени електромобили од Јапонија

Дилер во Зимбабве увезува користени електромобили од Јапонија

Повеќе од 90% од автомобилите што првпат се регистрираат во Зимбабве се користени. Секоја година се увезуваат по 70.000 стари возила, главно од Јапонија, но и од Велика Британија. Наглото зголемување на возниот парк создаде проблеми околу увозот на гориво. Еден дилер почна да увезува користени електрични автомобили.

Увозот на користени автомобили во Зимбабве порасна од 17.000 возила во 2007 година, на повеќе од 70.000 возила во последните години. Зголемениот број на возила во земјата соодветно доведе и до потреба од зголемување на увозот на нафта. Една третина од вредноста на вкупниот увоз во африканската држава отпаѓа на нафта. Зимбабве секоја година троши по 1,2 милијарда американски долари за увоз на бензин и дизел. Тоа се огромни суми за земја што често се соочува до недостиг од гориво, поради кусокот од девизи.

Електричниот погон теоретски може да помогне многу во надминувањето на проблемите во земјата. Но, не само теоретски. Еден дилер виде одлична шанса за бизнис и почна да носи користени електрични возила од Јапонија. Пристигаат и релативно нови електрични автомобили од Велика Британија, кои се „компатибилни“ затоа што и во Зимбабве се вози по левата страна на патот.

Досега се продадоа повеќе од 30 возила, вклучувајќи 12 примероци од Nissan Leaf, како и неколку возила со приклучен хибриден погон. Дилерот ја следи ситуацијата со пазарот на електрични и хибридни автомобили уште од 2012 година.

Во минатите години се веруваше дека хибридните возила не одговараат за африканските држави, поради стравувањето околу трајноста на батеријата и потребната стручност за одржување и сервисирање. Меѓутоа, дури и во африканската држава, возачите се уверија дека батеријата во хибридните автомобили не е како во мобилните телефони и дека таа трае многу подолго отколку што повеќето претпоставуваат.

Зимбабвеанскиот електро-пионер се впушта во уште поголеми предизвици. Моментно се работи на замена на старата батерија од Nissan Leaf со нова. Дури, новата батерија е со капацитет од 40 kWh, место 24 kWh на претходната.

Африка се буди за електричниот погон. Нема да биде изненадување ако во салоните на увозниците на Volkswagen, Mercedes или Hyundai наскоро се појават актуелните модели со електричен погон. Во Нигерија веќе се врши монтажа на Hyundai Kona за локалните пазари, додека Ionic излегува од погон за монтажа во Етиопија. Електричната Kona веќе се нуди во редовна продажба во Гана.

https://www.instagram.com/p/CDCK7p1JQwP/

Претходна објаваИ тоа е вложување: 40.000 ковани пари по цела каросерија
Следна објаваToyota помага со возила по земјотресот во Хрватска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here