Kia лани продала 2,61 милиони возила

Kia лани продала 2,61 милиони возила

Kia во минатата година продала 2,61 милиони возила во светски рамки, што е за 5,9 проценти помалку во споредба со преклани. Во Кореја се зголемила продажбата за 6,2 проценти, додека извозот се смалил за 8,7 проценти.

Корејскиот производител ја заврши годината на тешки предизвици со декемвриска продажба од 218.256 возила. Тоа се 3,8 проценти помалку во споредба со истиот месец во 2019 година и претставува отстапување што се случува во нормални услови. Тоа воедно претставува и доказ дека Kia претрпе релативно мала загуба од кризата што ја предизвика пандемијата.

Корпорацијата Kia Motors во изминатите 12 месеци продал вкупно 2,61 милиони возила на светскиот пазар или за 5,9 проценти помалку од преклани. Намалувањето се должи на последиците од пандемијата и сложените услови на светскиот пазар.

Домашната продажба се зголемила за 6,2 проценти во споредба со 2019 година, на 552.400 возила, додека извозот се намалил за 8,7 проценти, на 2,05 милиони возила.

Најпродаван модел во минатата година е Sportage со 366.929 продадени примероци, а по него следи новиот СУВ-модел во понудата Seltos, со 328.128 промероци и лимузинската изведба на моделот K3 (кај нас Rio) со 237.688 примероци.

Корејскиот производител се подготвуваше долго за трансформацијата на марката што ќе се случува во текот на 2021 година. Стратегијата ќе се реализира според поставките на „Plan S“, што треба да доведе до светска продажба од 2,92 милиони возила годинава. Во оваа бројка влегуваат 535.000 возила во Кореја и 2.,9 милиони возила од извозните пазари. Kia воедно ќе ја зголемува и профитабилноста, меѓу другото со воведување флексибилни услуги скроени точно за секој регион посебно.

>>> Kia Sportage во посебна изведба Black Edition

kia sportage black edition

Претходна објаваAudi одликуван за грижливо постапување со алуминиумот
Следна објаваRenault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here