Hyundai им помага на дечиња во болница во Барцелона

Hyundai им помага на дечиња во болница во Барцелона

Детскиот електричен мини-автомобил на Hyundai се ориентира според концептното возило „45“ од салонот во Франкфурт во 2019 година и дури е развиено од истиот тим. Проектот „Little Big e-Motion“ има за цел да им помогне на младите пациенти во болница во Барцелона.

Мини-автомобилот е дониран на болницата во Каталонија и се користи за транспортот на дечињата од болничкиот кревет до просторијата за терапии. Користењето на возилото ги орасположува дечињата на овој пат, на кој тие обично се чувствуваат непријатно.

Во неколкуминутното видео, што е објавено на јутјуб-каналот на Hyundai, се прикажува како функционира т.н. EAVC-технологија (Emotion Adaptive Vehicle Control или контрола на возилото што се приспособува според емоциите. Технологијата ги следи отчукувањата на срцето и дишењето на детето што се наоѓа во возилото и ги анализира изразите на лицето. Во исто време, сензори ги мерат брзината, забрзувањето, околните звуци и вибрациите. Врз основа на сите овие податоци соодветно се вклучуваат светлата во возилото, климатизацијата, музиката и вградената парфемиера.

https://photos.app.goo.gl/gSAz9mdh25bJmjMC6

Интеракцијата меѓу возилото со EAVC-технологија и младите „возачи“ се врши преку пет клучни технологии: Камера што го препознава изразот на лицето, ремен што го следи дишењето, сензор што го мери пулсот, светла што се раководат според емоциите и сад од којшто се шири мирис.

https://photos.app.goo.gl/TNCQEDj1FhWGgZG76

Преку приспособливите светла што ја менуваат бојата меѓу зелена, жолта или црвена, се прикажува емотивната состојба на детето. Мирисот се ослободува зависно од фреквенцијата на срцето. Кога ќе се подобри расположението на детето, од автомобилот излегуваат меури од сапуница. Користењето на мини-електромобилот му помага и на медицинскиот персонал, кој преку возилото однапред знае во какво емотивно расположение се младите пациенти. Притоа нема потреба од директен контакт, што е важно во време на корона.

https://www.youtube.com/watch?v=ORShwGx4ULs

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Oваа платформа ќе ги носи електричните модели на Kia и Hyundai

Претходна објаваМотоцентар традиционално со пријателите од Специјалната Олимпијада
Следна објаваИлјада ресторани McDonalds во Германија ќе добијат полнач за струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here