BMW ќе пушта новогодишни честитки во автомобилите

BMW пушта новогодишни честитки во автомобилите

BMW има посебно изненадување за своите возачи во првите денови од новата година. На 31-ви декември, на дисплеите во автомобилите ќе се појави специјална анимација. Сето тоа ќе биде придружено со новогодишна порака, празнична музика и впечатлива анимација на амбиенталното светло во кабината.

Новогодишната празнична анимација ќе им стои на располагање на возачите на BMW од 1-ви до 7-ми јануари во сите земји во коишто е достапна услугата, доколку и возилото располага со соодветна опрема.

Директно по стартувањето на возилото, на средишниот дисплеј ќе се појави соодветен банер. По притискањето врз банерот ќе стартува новогодишната програма. По целиот дисплеј ќе се прикажува празнична визуелна анимација. Има и соодветна музичка заднина, како и посебно сценарио за амбиенталното осветлување.

Возачите ќе имаат и дополнителна можност, за новогодишните честитки да ги активираат преку BMW Intelligent Personal Assistant и преку говорната команда „Hey BMW, Happy New Year“. Банерот ќе се појавува до трипати по стартувањето на возилото и по првото активирање ќе може да се повика во секое време од менито за вести.

https://photos.app.goo.gl/HFTWb6TQ3pncCfpj6

На некои пазари, од 24-ти декември ќе стои на располагање слична функција за католичкиот Божик. Оваа порака исто така ќе може да се повика преку BMW Intelligent Personal Assistant со говорната команда „Hey BMW, Marry Christmas!“ или преку апликација во менито.

Празничните анимации ќе се прикажуваат во возилата во 41 држави ширум светот, во автомобили од BMW со Оперативен Систем 7.0, од ниво на софтвер 07/2020.

>>> Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Претходна објаваLada Niva во стилот на RAV4
Следна објаваMercedes е топ-марка и во размер 1:18

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here