Наследникот на еден од најсопособните теренци на сите времиња имаше таква историја што долго време се произведуваше во заедничка компанија со американскиот General Motors. Летово на Niva ѝ се врати логото на Lada. Направени се неколку промени во стилот на студијата 4×4 Vision.
Во Тољати започна производството на Lada Niva Travel, освежена изведба на моделот од втората генерација на Lada Niva, со основна техника што датира уште од 1998 година. На одбележувањето на производството на првиот примерок од новото моделско годиште, претседателот на Avtovaz, Ив Каракацанис, изјави: „Ова претставува големо достигнување, особено за тимот на Lada West Togliatti, кој успешно раководеше со овој важен проект. Niva има долга историја и голема слава. Повеќе од 650 илјади од овие автомбоили денес возат по патиштата и надбвор од нив во Русија, во ЦИС и во останатите држави.“
Новиот претседател на Avtovaz, кој претходно раководеше успешно со романската марка Dacia, за следните години најави дека во наредните години ќе следат уште голем број важни и интересни новини поврзани со името Niva.
Промените во изгледот му додадоа повпечатлива и посовремена појава на рускиот теренец. Lada Niva Travel, во споредба со моделот што се произведуваше како Chevrolet Niva, доби нова хауба со повпечатливи контури, голема маска со груб растер и нови светла. Носот неодоливо потсеќа на Toyota RAV4, но во некои подрачја се забележуваат и елементи од дизајнерската студија Lada Vision 4×4.
Арките на крилата се проширени и поставена е темелна заштита на праговите. Освежената појава ја заокружуваат новите тркала. Задниот дел исто така претрпе неколку промени, вклучувајќи и задни диодни светла во стилот на Dacia Duster, кој патем исто така е дел од групацијата Renault, заедно со Lada, односно Avtovaz.
Верно на традицијата што стои зад ова моделско име, теренската изведба на Lada Niva Travel стандардно се испорачува со „дишалка“, со теренски гуми и со каросериски кит што се состои од нелакирани додатоци за заштита на каросеријата.

Постојаниот погон на сите тркала исто така е стандард, заедно со блокада на средишниот диференцијал и со теренска редукција. Според Lada, возачот и патниците уживаат во просторна кабина со одлична прегледност, со моќна климатизација, делотворна изолација на звуци и вибрации, комфорни седишта и мултимедија.
Датумот на почетокот на продажбата ќе биде соопштен подоцна. Lada официјално не се нуди на поширокиот европски пазар.
>>> Niva повторно го носи логото на Lada
















