Поштата на Австрија го искористи заокружувањето на двеилјадитото електрично возило во својот возен парк со објавување поштенска марка со вредност од 1,35 евра, којашто го прикажува електирчниот MAN e-TGE.
Испораката на 25-те примероци од e-TGE започна во септември и ќе се одвива до крајот на годината. Овие возила ќе се користат во подрачјето на Грац. Во престолнината на сојузната држава Штаерска, доставата на писма, каталози и пакети ќе се одвива строго со возила што користат електричен погон.
Австриската пошта до крајот на годината ќе располага со вкупно 1.100 електрични велосипеди и мопеди, како и со близу 1.000 електрични комбиња. Возилата се користат секојдневно во доставатана пратки. Тоа е најголем возен парк од електрични возила во Австрија.
https://www.instagram.com/p/CIfmzhLF7od/
>>> MAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година
















